Продолжува судењето на Писториус

Сослушувањето за кауција во судскиот процес против параолимпиецот Оскар Писториус треба да треба да продолжи денеска. Тој е обвинет за убиство со предумисла на неговата девојка. Во писмената изјава до судот Писториус вели дека тој ја убил неговата девојка Рива Стенкамп преку заклучената врата во бањата, верувајќи дека таа е натрапник кој провалил во неговиот дом. Негираше дека намерно пукал во Стенкамп на 14 февруари. Вчера беше погребана Стенкамп. Производителот на спортска облека Најк е меѓу компаниите кои објавија дека го симнале Писториус од нивните рекламни кампањи. Писториус, кој трча со протези влезе во историјата откако се натпреваруваше и ги победи хендикепираните спортисти на Олимписките игри во Лондон минатата година.