Северна Кореја и се закани со конечно уништување на Јужна Кореја

Пјонгјанг.

Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со „конечно уништување“ за време на дебатата на Конференцијата на ОН за разоружување. Севернокорејскиот пратеник Џон Јонг Рионг рече дека Пјонгјанг може да преземе понатамошни чекори по минатонеделното нуклеарно тестирање ако Јужна Кореја и нејзините сојузници продолжат да вршат притисок за заострување на санкциите против Северна Кореја. Сепак, тој не кажа какви мерки. Оваа негова изјава поттикна бројни коментари и критики од други дипломати кои оценија дека се недопуштени заканите кон членка на ОН.