Почна дијалогот Дачиќ-Тачи во Брисел

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во Брисел го започнаа петтиот круг од преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Како и во претходните рунди од дијалогот, двајцата премиери прво се сретнаа одделно со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, под чие покровителство двете земји ги водат разговорите на високо ниво. Се очекува петтиот круг од дијалогот да продолжи и утре. Како што јави Танјуг, премиерот Дачиќ денеска веројатно ќе се сретне и со Филип Рикер, американскиот дипломат задолжен за Балканот, а потоа разговорите со Ештон и Тачи ќе продолжат до доцна во ноќта.