ФИФА одобри употреба на „гол технологијата“ на СП во Бразил

Илустрација.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска даде одобрение за употреба на „гол технологијата“ на Светското првенство во фудбал во 2014 година, што ќе се одржи во Бразил. Технологиите „Соколово око“, кој веќе се применува во тенисот и крикетот, и „Гол реф“, која содржи специјални мегнетини сензори, веќе беа тестирани во Јапонија. Неодамна една нова „гол технологија“ беше тестирана во Германија, а наскоро во оваа земја ќе биде тестира и уште една нова, четврта технологија.

ФИФА се реши на употребата на ваква технологија по контроверзната одлука на судиите да не го признаат постигнатиот гол на Френк Лампард на натпреварот Англија-Германија на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

За разлика од ФИФА, Европската фудбалска унија (УЕФА) смета дека нема потреба од воведување на ваква технологија, туку наместо тоа европската куќа на фудбалот воведе двајца дополнителни судии.