Бучковски најавува нова партија во мај

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски.

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски, во интервју за Дојче веле, најавува дека во Македонија во мај треба да биде формирана нова партија, која ја бара поддршката на меѓународната заедница.

„Во овој момент моето учество во новата партија е ставено во „лер“ сè до конгресот на СДСМ во мај. Моето име досега често се злоупотребуваше во контексти на разни партии и на политички заднини. Но, во овој момент не сакам мојот ангажман да го ставам во функција на нова партија, бидејќи сè уште сум оптимист дека работите во СДСМ ќе се сменат на подобро и дека партијата ќе се демократизира“, вели Бучковски запрашан дали ќе биде дел од нова партија, која што наскоро ќе се појави на политичката сцена.

Запрашан дали освен поддршка, и идејата за партијата е иницирана од меѓународната заедница, тој со одговор, „делумно да, пред сè, како притисок за неодговорното однесување на опозицијата.