Борисов - Бугарија ќе ѝ ја одземе лиценцата на ЧЕЗ

Запалени автомобили на ЕВН во Бугарија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека Бугарија ќе и ја одземе лиценцата за дистрибуција на електрична енергија на компанијата во сопственост на чешката ЧЕЗ поради систематско кршење на правилата за снабдување. ЧЕЗ тврди дека не прекршил никакви правила и оцени дека најавата на Борисов е „сериозно кршење на законите на Бугарија како членка на ЕУ“. Десетици илјади Бугари со денови протестираат против високите сметки за струја, барајќи оставка на бугарската влада. Борисов рече дека на владата не и е непријатно веднаш да поднесе оставка, но оти последиците ќе бидат катастрофални. Запрашан дали ќе има предвремени избори доколку протестите продолжат, Борисов изјави дека до изборите остануваат четири - пет месеци. Тој, меѓутоа, посочи дека ако луѓето не се смират, за власта е подобро да има избори што е можно побрзо.ѝ