Бугарија ја одзема лиценцата на електродистрибутерот ЧЕЗ?

Протести во Софија.

Бугарското Обвинителство ќе предложи престанок на важноста на лиценцата за работа на тамошната електродистрибутивна компанија, која е во сопственост на чешкиот ЧЕЗ, пренесоа медиумите во Чешка. Претходно беше најавено дека бугарските власти покренале контрола за утврдување на неправилности во работата на компанијата. ЧЕЗ негираше дека имало неправилности во работата и ја критикува политизацијата на целиот проблем, јави дописникот на МИА од Прага.
Во Бугарија, во последните неколку дена не престануваат демонстрациите на неколку илјади луѓе кои излегоа на улиците поради високите цени на струјата. За финансиската кризна ситуација ги обвинија странските дистрибутери и кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Во Бугарија, ЧЕЗ работи од 2005 година, кога за 360 милиони евра го купи мнозинскиот пакет акции во три дистрибутивни компании, кои ги спои во една.