Баросо: клучна недела за Косово и Србија

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Брисел изјави дека оваа недела ќе биде многу важна за Косово и за Србија во нивните напори за приближување кон Европската унија. Тој ова го изјави по разговорите со косовскиот премиер Хашим Тачи кој денеска во Брисел треба го продолжи дијалогот со српскиот премиер Ивица Дачиќ. Станува збор за петтата рунда од политичкиот дијалог на кој главна тема ќе бидат институциите на северот на Косово и статусот на офицерите за врска во Белград и Приштина.