Помалку цивилни жртви во Авганистан

Џалалабад

Обединетите нации соопштија дека за прв пат во изминативе шест години бројот на цивилните жртви во Авганистан опаднал за 12 проценти. Од друга страна се посочува дека во минатата година за 700 насто бил зголемен бројот на нападите на бунтовниците врз владини претставници и племенски старешини. Во минатата година во Авганистан биле убиени над 2750 цивили, додека во претходната година над 3130. Во извештајот се додава дека талибанските милитанти биле одговорни за 80 насто од нападите.