ДИК: 268 кандидатури за градоначалници и 350 советнички листи

Државната изборна комисија соопшти дека за претстојните локални избори се поднесени вкупно 268 кандидатури за градоначалници, и 350 советнички листи. Од нив 25 се независни кандидати за градоначалници. На полноќ заврши рокот за приговори за отфлените листи од Општинските изборни комисии. ДИК се уште не ги соопштува имињата на кандидатите за градоначалници и советничките листи. Општинските комисии по потврдувањето на листите ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати. Рокот за ова изборно дејство истекува на полноќ на 22 февруари.