Нестле повлекува производи со коњско месо

Најголемата светска фирма за производство на храна и пијалаци „Нестле“ повлече од продажба во Италија и Шпанија сосови за макарони откако тестовите потврдиле дека во нив наместо говедско имало коњско месо. Швајцарскиот гигант посочи дека местото било купено од една германска фирма. Скандалот со коњското месо кое било продавано како говедско почна пред два месеца што водеше до повлекување на низа производи и до истрага во повеќе европски земји.