Груевски - ако извештајот од ЕУ е негативен тоа ќе биде заслуга на Црвенковски

Архивска фотографија.

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски очигледно работи против интересите на државата за да ја спаси својата кариера, изјави синоќа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партиски настан во Гевгелија.

„Треба да биде јасно дека ако добиеме негативен извештај од ЕУ, тоа ќе биде лична залуга на Бранко Црвенковски. Тој купуваше само време и се уште ги лаже најблиските негови луѓе, внатре во партијата, дека изборите ќе бидат одложени. Лажеше до вчера, ги лаже и денеска сите, па дури и претставниците на меѓународната заедница“, изјави Груевски.