Бугарија - Судир на демонстрантите со полицијата

Архивска фотографија- Протести во Бугарија.

Демонстранти во Бугарија се судрија со полицијата пред зградата на парламентот. Тие два дена по ред протестираат против високите сметки за струја, ниските примања и економската стагнација. Демонстрантите побараа оставка од централно-десничарската влада. Тие фрлаа камења и туркаат контејнери со ѓубре кон полицијата. Освен во Софија, протести имаше и во неколку други градови. Во неделата, илјадници луѓе се приклучија на протестите во повеќе од 30 градови низ земјата. Протестите доаѓаат само неколку месеци пред парламентарните избори во јули. Вчера премиерот Бојко Борисов му даде оставка на министерот за финансии. Бугарија е најсиромашната од 27-те земји членки на ЕУ, со просечна месечна плата од 400 евра и просечна месечна пензија од околу 135 евра.