Почина хашкиот осуденик Милан Гверо

Хашкиот осуденик, генералот од армијата на босанските Срби Милан Гверо почина во белградската болница, откако му беше ампутирана нога, соопшти неговиот адвокат Драган Кврговиќ. Гверо беше близок соработник на командантот на босанските Срби, обвинетиот за воени злосторства Ратко Младиќ. Гверо му се предаде на Хашкиот суд во 2005 година, а во 2010 беше осуден на пет години затвор за воени злосторства, меѓу кои и за неговата улога во масакрот во Сребреница. Тој беше ослободен кусо по пресудата со оглед на тоа дека казната ја издржа додека беше во притвор.