Во Женева се одржува петтиот Самит за човекови права

Совет за човекови права на ОН.

Активисти за човекови права од Иран, Казахстан, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Судан, Сирија и Тибет ќе учествуваат на петтиот Самит за човекови права и демократија во Женева. Следната недела, пак, ќе се одржи годишното собрание на Советот за човекови права на Обединетите нации.
Организаторите велат дека денешниот состанок е насочен кон расветлување на ситуацијата со човековите права кои бараат светско внимание. Состанокот во Женева е спонзориран од коалицијата на 20 невладини организации за човекови права, од целиот свет.