Ограбена Јованка Броз

Јованка Броз.

Засега непознати лица во текот на вчерашниот ден го ограбиле домот на Јованка Броз, вдовица на претседателот на некогашна СФР Југославија, Јосип Броз - Тито. Како што соопшти денеска српската полиција, крадците упаднале во куќата што се наоѓа во белградската елитна населба Дедиње и украле засега неутврден број вредни предмети. Истрагата околу грабежот е во тек, се наведува во полициското соопштение, без да се соопштат повеќе детали за целиот случај.