Интеграција во ЕУ - Заедничка цел на Македонија и Србија

Македонија и Србија ги поврзува традиционално пријателство и искрени односи, како и заедничката цел - интеграција во ЕУ, посочија министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот гостин, српскиот шеф на дипломатијата Иван Мркиќ. Во таа насока, од име на владите на двете земји, тие потпишаа Спогодба за соработка во евроинтеграциите. Мркиќ рече дека на разговорите е утврден датумот на одржување заедничка седница на владите на двете земји, за парламентарната соработка, како и формирање Мешовита комисија за економска соработка со оглед дека двете земји имаат интензивна економска соработка. Двајцата министри денеска потпишаа и Спогодба меѓу двете држави за платено работење на лица издржувани од членови на ДКП.

За време на еднодневната официјална посета на Македонија, српскиот министер Мркиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.