„Исламска Држава Ирак“ ја презеде одговорна за нападите во Багдад

Садр Сити - Багдад

Ирачкиот огранок на Ал Каеда ја превзеде одговорноста за бранот бомбашки напади врз шиитските делови на Багдад.
Групата наречена „Исламска Држава Ирак“ на екстремистичкиот интернет форумот објави дека станува збор за одмазда за криминалните дела на владата предводена од шиитите врз сунитите во главниот град.
При овие напади загинаа најмалку 28 лица, а над 100 беа ранети.
Сунитите во Ирак сметаат дека се дискриминирани и протестираат против владата на премиерот Нури ал Малиќи.