Српскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ

Министерот за надворешни работи на Србија Иван Мркиќ денеска ќе ја посети Македонија на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски. Се очекува македонскиот и српскиот шеф на дипломатијата на средбата да разговараат за билатерални односи, со акцент на можностите за продлабочување на соработката во доменот на економијата, енергетиката и транспортот.
За време на престојот, Мркиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.