Масовни протести против високите сметки за струја во Бугарија

Илустрација.

Десетици илјади луѓе протестираат ширум Бугарија против високите сметки за струја. Демонстрантите во 20 градови бараат оставка од владата и национализација на фирмите за дистрибуција на струја. Тие фрлаат со камења, петарди, шишиња, јајца и домати кон канцелариите на електродистрибутивните компании во пет градови и ги палат сметките за струја. Околу три илјади демонстранти во Софија блокираа неколку улици. Локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите, меѓу кои има и жени и деца, се судриле со полицијата кога се обиделе да влезат во претставништвото на чешката компанија ЧЕЗ која ја снабдува со струја Софија и северозападна Бугарија.