Милетиќ - Свесен сум дека нанесов штета на опозицијата

Драгиша Милетиќ, претседател на Српската напредна странка во Македонија.

Свесен сум дека со оваа моја постапка нанесов штета на „Сојузот за иднината“, иако лично верувам и целосно сум убеден во исправноста на одлуката за бојкот на локалните избори. Ова е ставот што денеска го објави Драгиша Милетиќ во врска со реакциите кои ги предизвикаа кандидатурите на Српска напредна странка. Како пратеник, стои во писмената реакција, ја потпишав оставката и истата ќе ја депонирам во Собранието на денот на одржување на локалните избори.

„Јас лично до крај ќе се залагам и борам за зедничките цели на здружената опозиција и останувам дел од Сојузот за иднината“, стои во писмената реакција од Милетиќ.

Неговата партија поднесе советнички листи во општините Куманово, Старо Нагоричане и Карпош, а актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски токму преку партијата на Милетиќ ќе се бори за нов мандат.

И партијата ПЕИ на Фиат Цаноски не ги бојкотира изборите. Партијата истакнала свој кандидат за градоначалник и советничка листа во општина Маврово-Ростуше.