Десетици загинати во бомбашки напади во шиитските делови во Багдад

Архивска фотографија: Бомбашки напад во Багдад.

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се ранети во серија експлозии на бомби во шиитските делови на Багдад. Бомбашките напади се зголемија од почетокот на годинава, откако сунитските бунтовници ја засилија својата кампања за разгорување на меѓуверските насилства во Ирак.