Бомбашки напад во Пакистан, 30 жртви

Пакистанската полиција соопшти дека најмалку 30 лица загинале, а околу 50 се повредени при бомбашки напад во покраината Балучистан. Нападот се случил на пазар во шиитски реон на периферијата на главниот град на покраината Куета. Според локалната полиција, најголем број од жртвите биле членови на шиитската заедница.