Чавез има проблеми со дишењето и говорот

Претседателот на Венецуела Уго Чавез има проблеми со дишењето и говорот, изјави министерот за информации Ернесто Вилјегас откако во Каракас е објавена првата фотографија на шефот на државата по операцијата. Тој објасни дека респираторната инфекција која се појавијала во постоперативниот процес сега е под контрола, но претседателот се уште има проблеми со дишењето. Владата вчера ја објави првата фотографија од болниот претседател, по неговата последна операција која беше извршена пред два месеца.