Ирак - во бомбашки напад убиен висок шеф за разузнавање

Архивска фотографија.

Во експлозија на бомба во Ирак, загина еден висок офицер за разузнавање и неговите тројца телохранители. Полицијата соопшти дека бомбаш-самоубиец го активирал појасот со експлозив пред домот на генералот Али Ауани во Тал Афар, во близина на градот Мосул. Убиениот генерал бил на чело на главната ирачка разузнавачка академија. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад. Овој напад е последниот во серијата смртоносни напади од почетокот на годината. Претходно овој месец, повеќе од 30 луѓе загинаа во серија на експлозии на автомобил-бомби во претежно шиитските области на Ирак.