Британија, Франција и Германија со барање на Г20

Министрите за финасии на Британија, Франција и Германија се очекува да побараат поддршка од другите лидери кои што се присутни на состанокот на Г 20 во Москва. Тие бараат да се намали обрачот за глобалниот данок и координираат правилата за коорпоративниот данок. На маргините на состанокот кој што завршува денеска тројцата министри изјавија дека е „крајно време за меѓународна и координирана акција со која ќе се намали праксата на избегнување на таа обврска“. Потегот доаѓа откако владите се обидуваат да изнајдат нови начин за како да се внесат нови средства во нивните буџети. Анкетата на организацијата за економска соработка и развој која беше објавена минатата година покажа дека недоследностите меѓу даночните правила во различни земји им овозможува на компаниите да ги движат нивните профити во понуиски даночни јурисдикции.