Писториус обвинет за убиство на неговата девојка

Судот во Јужна Африка го обвини Оскар Писториус за убиство на неговата девојка. Спринтерот, олимпиец и пара-олимпиец со ампутирани нозе со солзи во очите го слушаше обвинеието во Магистратот во Преторија.
Неговата девојка Рива Стенкамп, 30 годишен модел, беше најдена мртва со 4 куршуми во неговиот дом. Писториус се смета за национален херој во Јужна Африка бидејки е освојувач на златни медали на параолимпијадите, и како човек кој со ампутирани нозе се натпреваруваше на Олимписките Игри во 2012.