Пакистанец загина во судир со американски дипломат

Пакистан - архива

Американската амбасада во Исламабад соопшти дека нивен дипломат е инволвиран во сообраќајна несреќа во која загина еден пакистанец.
Возилото на амбасадата се судирло со мотор на кој имало две лица кои биле повредени.
Еден од нив подоцна почина, додека вториот е уште во болница. Амбасадата изрази жалење за инцидентот ветувајки целосна соработка со властите при истрагата.