ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - засега без договор

ВМРО-ДПМНЕ категорично и јасно ги реафирмира своите принципиелни позиции да не прифаќа, во ниту една варијанта, условувања и ултиматуми за одржување на локалните избори закажани за 24 март 2013 година.
Ова е заклучокот донесен на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана во текот на вчерашниот ден, на која беше разгледана актуелната политичка состојба во Република Македонија и беше донесена одлука за утврдување кандидати за градоначалници во повеќе општини.
Доколку Бранко Црвенковски сака да ги одмери своите и силите на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ, од партијата уште еднаш го повикуваат да излезе на локалните избори закажани за 24 март.
Социјалдемократите пак исто така не отстапија од нивните барања за предвремени парлементарни избори.