Метеорит падна во источна Русија - 150 повредени

Скршени прозорци на фабриката во Чељабинск

Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва. При тоа, најмалку 150 луѓе биле повредени од парчиња скрешеното стакло кои се распрснале како последица на експлозијата.
Руските власти соопштија дека делумно е уништен кровот на фабриката за цинк. Деловите на матеоритот паднале врз ретко населена област на источните падини на Урал.
Трагите на метеоритот се гледале на небото над Екатеринбург на 200 километри југоисточно од Челабинск.