Најголем астероид до сега ќе ја надлета земјата

Астероид со големина на половина фудбалско игралиште ќе и се приближи на Земјата денеска во попладневните часови што според научниците е најблиско надлетување на земјата од објект од ваков тип. Од НАСА рекоа дека астероидот ќе и се приближи на 27 000 километри на земјата и ќе се движи со брзина од 13 километри во секунда. Сепак, тие додаваат и дека неговото надлетување нема да има никакви последици. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 20.24 минути по Средноевропско време поминувајќи над Индискиот Океан а најдобро ќе се гледа од Источна Европа, Австралија и Азија.