Аврамопулос и Бан Ки-мун ќе разговараат за името

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на 21 февруари во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, јави дописникот на МИА од Атина. Аврамопулос и Бан ќе разговараат за кипарското прашање и за грчко-македонскиот спор за името, јавуваат грчките медиуми. Аврамопулос ќе престојува во Њујорк пред официјалната посета на Канада.