Лустрациска в недела ќе „ги чешла“ кандидатурите

За да може да ја исполни својата законска обврска за проверка на кандидатските листи за градоначалници и советници, Комисијата за верификација на фактите в недела на 17 февруари ќе работи цел ден и ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии до 24 часот. Како што соопшти денеска Комисијата, крајниот рок за доставување на изборните листи до ДИК истекува на 16 февруари на полноќ.