Турција сака во ЕУ, но не сака воведување на еврото

Турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш.

Турција е одлучна да се приклучи кон ЕУ, и покрај засиленото разочарување од долгогодишните преговори за ова прашање, но покажува слаб интерес за воведување на еврото, соопшти во својот вчерашен говор во Лондон турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш. Тој изјави дека е време ЕУ да одлучи дали Турција може да се приклучи кон Унијата и додаде дека на неговата земја треба да и се дозволи да влезе во ЕУ дури и доколку некои земји имаат резерви.

Разговорите за евроинтеграцијата на Турција првично почнаа во 1963 година, а официјално почна да преговора за присоединување кон ЕУ во 2005 година.

Од вкупно 35 преговарачки поглавја Турција досега затвори само едно, што се однесува на науката и истражувањата. Неколку поглавја се блокирани поради турското непризнавање на Република Кипар, што како последица има Турција да не го почитува во целост договорот за царинска унија со ЕУ. Други преговорачки поглавја се блокирани од политички причини од различни земји членки, меѓу кои Франција.