ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ повикуваат на дијалог

Шефовите на мисиите на Европската унија, Канцеларијата за врски на НАТО, ОБСЕ и на Соединетите Американски Држави во денешната писмена изјава до медиумите изразуваат голема загриженост од политичката состојба во земјава и ги повикуваат сите страни да го зајакнат политичкиот дијалог.

- Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратегиските приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани, се вели во заедничката изјава од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.