Нова бомба пред канцелариите на „Златна зора“ во Грција

Атина - архива

Мала бомба експлодира синоќа пред канцеларијаta на грчката екстремно десничарска партија „Златна зора“ во Пиреја.
При тоа се предизвикани само лесни оштетувања врз зградата во која се канцелариите на партијата.
Ова е втор ваков напад за два дена врз „Златна зора“, партија која минатата година влезе во парламентот јавајќи врз бранот анти - имигрантски чувства во земјата зафатена од сериозни економски проблеми.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Претходноанархистичка група, што се нарекува „Гневна бригада“, ја презеде одговорноста за сличната експлозија во Лариса.