Роснефт исплати милијарда долари за Венецуела

Рускиот енергетски гигиант “Роснефт” се согласил да и исплати 1,1 милијарди американски долари на владата во Венецуела со цел компанијата да биде вклучена во напорите за вадење на нафта. Венецуелскиот министер за енергетика Рафаел Рамирез ја потврди информацијата во средата. Проектот предвидува развој нанафтени полиња низ источниот дел на Венецуела за кој се смета дека е богат со сурова нафта.