Георгиев - Ќе ги вратиме пратеничките мандати

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“ нема да учествуваат на локалните избори и ќе ги вратат мандатите, изјави денеска потпретседателот на партијата Гордан Георгиев. Според него, СДСМ ќе ги врати мандатите кога ќе истечат сите рокови и можности за постигнување политички договор за избегнување понатамошно продлабочување на кризата и за тоа ќе ја извести јавноста. Пратениците на СДСМ веќе ги потпишале оставките и тие, како што рече Георгиев, се депонирани во партијата, а ќе бидат приложeни кога тие ќе одлучат.