Борисов - Преговорите со Македонија напредуваат добро

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија.

Преговорите меѓу Бугарија и Македонија за склучување спогодба за пријателство и добрососедство напредуваат добро, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов. По вчерашната средба во Софија со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, Борисов истакна дека деновиве телефонски разговарал со претседателот на македонската Влада Никола Груевски и оти се надева дека наскоро ќе се сретнат. Софија, според него, секогаш се однесувала пријателски кон Скопје, и со јасно укажување дека што побрзо Македонија ги почне преговорите за членство во ЕУ толку подбро за неа.