Авганистан подготвен да ја преземе одговорноста за безбедноста

Авганистанската влада ја поздрави најавата на претседателот Барак Обама дека Соединетите држави ќе повлечат повеќе од половина од свои војници во наредната година. Обама во годишното обраќање за состојбата на нацијата додаде дека до крајот на идната година ќе заврши американската војна во Авганистан. Министерството за одбрана во Кабул изјави дека авганистанските сили ќе можат да ги заменат 34 илјади американски војници кои треба да бидат вратени дома. Во меѓувреме, талибанците најавија дека ќе ја продолжат војната се додека во Авганистан има странски војници.