СДСМ не оди на локални избори

генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров

СДСМ останува на одлуката да ги бојкотира локалните избори. Централниот одбор на партијата на синоќешниот состанок ја потврди ваквата одлука. „Ние немаме намера да функционираме под ултиматум. Нашата одлука е недвосмислена. Без политички договор за излез од кризата која подразбира и обновување на легитимитетот на институциите, ние на локалните избори нема да учествуваме“, изјави за Радио Слободна Европа, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров.