Русија ја снабдува Сирија со воена опрема

Русија и натаму и испорачува на Сирија системи за противвоздушна одбрана, изјави денеска директорот на руската агенција за извоз на оружје Розоборонекспорт Анатолиј Исајкин. „Нема санкции од Советот за безбедност и продолжуваме да ги исполнуваме обврските за продажба на воена опрема“, додаде тој на денешната прес конференција во Москва, прецизирајќи дека не станува збор за авиони, хеликоптери или оклопни возила кои би можело да бидат употребени за напади. Москва го поддржува режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад и го спречува воведувањето санкции поради конфликтот во земјата во кој за две години загинаа околу 70 илјади луѓе.