Грција, Италија и Албанија ќе градат Трансјадрански гасовод

Грција, Италија и Албанија денеска во Атина, како што најавуваат грчките медиуми, ќе потпишат меѓувладин договор за изградба на Трансјадрански гасовод преку кој ќе се пренесува природен гас од Азербејџан до Западна Европа. Проектираниот годишен обем е од 10 до 20 милијарди кубни метри гас. Акционери во изградбата се: швајцарската компанија Ахпо, норвешката Статоил и германската Рургас. Овој гасовод е еден од главните конкуренти на проектот Набуко за пренос на гас од Азербејџан.