Денеска е Светски ден на радиото

Советот за радиодифузија упати честитки до сите радиостаници по повод 13 февруари, Светскиот ден на радиото. Целта на овој ден, прогласен од УНЕСКО, е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговите досегашни можности, наведува Советот за радиодифузија.