Протест на романските поштенски службеници

Романска поштенска марка.

Повеќе од 2.500 поштенски службеници од цела Романија денеска протестираа во центарот на Букурешт поради начинот на реорганизација на државната компанија „Романска пошта“. Реорганизацијата предвидува и намалување на платите на вработените, како и откази. Демонстрантите скандираа „Крадци“ и „Оставка“, а носеа и транспарент „Поштата е на Романците!“. Акционери на „Романска пошта“ се Министерството за комуникации со 75 проценти и фондот „Сопственост“ со 25 отсто од акциите. Компанијата треба да биде приватизирана до средината на јуни.