Христофиас огорчен поради притисокот врз Кипар

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас.

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас за време на посетата на Атина изјави дека се повлекува од функцијата огорчен и оти неговата земја е под притисок. Тој упати критика кон Европската унија поради нејзиното барање Кипар да имплементира закони против перење на пари, што е еден од условите за потпишување на договорот со меѓународните кредитори. Христофиас е во последната посета на Атина во својство на претседател, бидејќи на 17 февруари во Кипар ќе се одржат претседателски избори, а тој не е кандидат. Тој се сретна со грчкиот претседател Каролос Папуљас и со премиерот Андонис Самарас.