Ерменски политичар стравува од обвинение за атентат врз противкандидат

Претседателскиот кандидат во Ерменија Вардан Седракијан.

Претседателски кандидат во Ерменија изјави дека ги познавал осомничените за обид за убиство на друг претседателски кандидат, зашто работеле кај него дома како молери. Кандидатот Вардан Седракијан изјави дека стравува дека поради тоа може да биде наместен и обвинет за вмешаност во неуспешниот атентат врз кандидатот Паруир Хаирикијан. Седракијан не кажа кога молерите работеле кај него. Лидерот на партијата Унија за национално самоопределување Хаирикијан беше ранет во рамото на 31 јануари и сега успешно закрепнува од повредите.