Вукчевиќ: истрагата за трговијата со органи во Косово добива на квалитет

Таканаречената „Жолта куќа“ во Албанија

Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека истрагата за трговијата со човечки органи на Косово која ја води тимот на специјалниот обвинител на ЕУ Џон Клинтон Вилијамсон во неколку земји добива на квалитет. Според Вукчевиќ, соработката со ЕУЛЕКС за случаите „Медикус“ и „Трговија со органи“ е исклучително добра.
Тој рече дека на Косово и во Албанија се создава впечаток дека станува збор за српска пропаганда но дека станува збор за објективна истрага со која одговорните треба да бидат изведени пред суд.