Нетанјаху: Иран се поблиску до нуклеарна бомба

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран е се поблиску до моментот кога ќе може да произведе нуклеарно оружје. Говорејќи во Ерусалим, на средбата со лидерите на американските Евреи, Нетанјаху рече дека центрифугите кои Иран ги инсталирал во рамките на неговата програма за збогатување на ураниумот, би можеле за една третина да го скратат времето потребно за производство на нуклеарна бомба. Сепак, според Нетанјаху, Иран сеуште не ја поминал „црвената линија“, по која би имал доволно материјал за да направи атомска бомба.
Иран негира дека има амбиции да произведе нуклеарно оружје.