Сириските бунтовници ја освоиле најголемата брана на Еуфрат

Сирија: Илустрација.

Сириски активисти соопштуваат дека бунтовниците ја презеле контролата врз најголемата брана на реката Еуфрат во провинцијата Рака. Сиријската опсерваторија за човкови права со седиште во Лондон соопшти дека бунтовниците ги контролираат двата влеза во хидроцентралата со капацитет од 880 мегавати. Според нив, ова е „најголемата економска загуба за режимот од почетокот на револуцијата“. Вештачкото Езеро Асад на кое е направена браната има 14 милијарди метри кубни вода. Езерото е именувано по Хафез ал-Асад, татко и претходник на сегашниот претседател Башар ал-Асад.